инструктори во снежни спортови

Македонска Асоцијација на Инструктори за Снежни Спортови
МАИСС е самостојно, невладино, непрофитно, непартиско здружение на граѓани, во кое членуваат инструкторите за снежни спортови во Р. Македонија
МАИСС е член (според Статут) на Скијачка Федерација на Македонија, и има задолжение да се грижи за едукацијата на инструкторите во снежните спортови
МАИСС
(Македонска Асоцијација на Инструктори за Снежни Спортови)
е основана со цел да ги обедини инструктори за снежни спортови во Македонија Цели и задачи на МАИСС: - Промовирање и развивање на професијата инструктор во снежните спортови (Ски, Сноуборд и друго) и создавање услови за квалитетно вршење на дејноста; - Грижа за едукацијата и континуираната надградба на инструкторите, преку организирани системи за едукација; - Промовирање на македонските инструктори во снежните спортови во светот; - Промовирање и популаризација на снежните спортови на Македонија; - Соработка со меѓународните организации на инструктор во снежните спортови, како и со организации кои се занимаваат со овој вид на активности;MAISS
(Macedonian Association of Snow Sport Instructors)
was founded to unite snow sports instructors in Macedonia.
The goals and tasks of the MAISS are the following:
- Promotion and development of the snow-sport instructor profession (skiing, snowboarding etc.), and providing conditions for quality in performing this function; - Education and continuous advancement of the instructors through organized educational systems; - Promoting Macedonian instructors in snow-sport around the world; - Promotion and popularization of the snow-sport in Macedonia; - Collaboration with international organizations of snow-sport instructors, and organizations that deal with theseНеколку факти за делувањето на МАИСС
1. Зошто обучени инструктори за снежни спортови?
Правно е регулирана дејноста инструктор. Оние кои даваат инструкции на снег треба да се соодветно обучени, да имаат успешно завршено обука за давање на инструкции на снег (сноуборд + скијање) и да се сертифицирани со легитимација за ски / сноуборд учител.
Според Закон за скијалишта* (објавен во Сл.весник бр.37 од 26.02.2016 год.)
член бр. 57:
“Со непосредно подучување може да се занимава само инструктор по скијање со важечка лиценца. Инструктор по скијање мора за време на подучувањето, да носи ознаки и облека која што јасно го идентификува како лице кое што подучува скијање. Училиште за скијање може да врши само оној вид на подучување и само за оние групи на ученици кои што одговараат на содржината на лиценцата што ја има инструкторот по скијање кој е ангажиран во училиштето.”
*извор на законот на www. p r a v o . o r g .mk
2. Кој има право и обврска да ја изведува обуката на инструктори во снежни спортови во Р.М.?
Според Закон за спорт** (последна измена објавена во Сл.весник бр.98/2019 од 21 Мај 2019 год)
член 28:
“…Ha стручните кадри во областа на спортот кои водат спортски тренинг и натпревари во спортските клубови и националните спортски федерации, истите се должни да им овозможат перманентно стручно усовршување. Програмите за стручно усовршување ги утврдуваат и спроведуваат националните спортски федерации на Републиката од соодветната спортска гранка….”
**извор на законот на www. p r a v o . o r g .mk
*** Види точка 4 во овој текст (конекцијата на МАИСС со Скијачка федерација на Македонија.
3. МАИСС во конекција со INTERSKI International.
- МАИСС е рамноправна членка на IAESS (IVSS)- INTERSKI International од 2019 година , Генерално собрание на IVSS, Ст. Антон (Австрија)
- МАИСС е рамноправна членкa на ISIA од Мај 2022.
- Апликацијата на МАИСС за член во IVSI- INTERSKI International како и INTERSKI International е во процес, после Генерално собрание на ИНТЕРСКИ интернешнел, Пампорово (Бугарија), од 21 Март 2019. (инфо од записникот од генералното собрание )
4. МАИСС е член на Скијачка Федерација на Македонија (Статут на СФМ од 26.12.2019)
Член 1
“Скијачката федерација на Македонија претставува федерација на спортски здруженија - клубови во снежните спортови и Македонската асоцијација на инструктори во снежни спортови (МАИСС).....”
Член 9
“….Во СФМ полноправно членува Македонската асоцијација на инструктори по снежни спортови, во понатамошниот текст МАИСС, како асоцијација на инструктори и тренери во снежните спортови…”
Член 27
“Инструкторите и тренерите во снежните спортови при СФМ се здружуваат во МАИСС, како независно Здружение на инструктори и тренери во снежните спортови...”