Сезонски семинар за инструктори во снежни спортови (ски и сноуборд) за:

  • НИВО 1прв пат (+ обнова Ниво 1) и
  • Ниво 2 ново ниво (+ обнова Ниво 2).

*Долнителни информации за обуката и стекнување статус “инструктор” Ниво 1, може да најдете во Правилникот за лиценцирање-НИВО 1

*Долнителни информации за обуката и стекнување статус “инструктор” Ниво 2, може да најдете во Правилникот за лиценцирање-НИВО 2

 

Наставата за семинарот за НИВО 1 – прв пат (+ обнова Ниво 1) и Ниво 2 – ново ниво (+ обнова Ниво 2) се состои од 3 дела:

  1. Теоретски дел:

Наставата ќе биде изведена на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ линк) и истиот ќе биде достапен преку платформата „Zоом“ за оние кои не се во можност физички да присуствуваат.

– дел од предавањата за Ниво 1 се слушаат во сопствена динамика. Предавањата се на следниот линк: теоретски предавања (или на youtube).

Датум на теоретски предавања: 11ти, 12ти и 13ти Декември 2023.

Теми:

11.12.2023 во 19:00ч

– Презентација/демонстрација на ликови

– Прв ден на снег

 

12.12.2023 во 19:00ч

-Презентација/демонстрација на ликови

-Добра пракса

 

13.12.2023 во 19:00ч  [on-line]

– Моторички развој кај деца

– Координација и формирање на нови движења

 

 22.12.2023 во 19:00ч

-Видови повреди и прва помош при повреди кај спортовите на снег (скијање и сноуборд)

-Безбедност на планина и скијачки/сноуборд терени.

 

 

  1. Практичен дел:

На терен (ски/сноуборд патека).

Датум: Декември – по договор со групата во зависност од условите со снег (доколку нема услови, овој дел ќе биде реализиран во првиот момент кога ќе се создадат услови)

Практичниот дел се изведува во два дена.

  1. Испит:

Теоретски дел:

Практичен дел:

(во текот на наставата ќе бидат пренесени детали)

 

Семинарот за НИВО 1 – прв пат (и/или Обнова Ниво 1) чини 4500 денари. Секоја уплата по 1.12.2023 е за 20% поскапа и изнесува 5400 денари. 

Семинарот за НИВО 2 – ново ниво (и/или Обнова Ниво 2)  чини 5000 денари. Секоја уплата по 1.12.2023 е за 20% поскапа и изнесува 6000 денари. 

*Детали за уплата за(уплатница ПП30-пример)  на овој линк

Не заборавајте да внесете за кое Ниво уплаќате и име + презиме за кандидатот.

Задолжително пополнете пријава за присуство на семинар на овој линк: