Инструктори во снежни спортови

Македонска Асоцијација на Инструктори за Снежни Спортови


МАИСС е самостојно, невладино, непрофитно, непартиско здружение на граѓани, во кое членуваат инструкторите за снежни спортови во Р. Македонија

МАИСС е член (според Статут) на Скијачка Федерација на Македонија, и има задолжение да се грижи за едукацијата на инструкторите во снежните спортови

МАИСС


(Македонска Асоцијација на Инструктори за Снежни Спортови)

е основана со цел да ги обедини инструктори за снежни спортови во Македонија

Цели и задачи на МАИСС:

- Промовирање и развивање на професијата инструктор во снежните спортови (Ски, Сноуборд и друго) и создавање услови за квалитетно вршење на дејноста;

- Грижа за едукацијата и континуираната надградба на инструкторите, преку организирани системи за едукација;

- Промовирање на македонските инструктори во снежните спортови во светот;

- Промовирање и популаризација на снежните спортови на Македонија;

- Соработка со меѓународните организации на инструктор во снежните спортови, како и со организации кои се занимаваат со овој вид на активности;

MAISS


(Macedonian Association of Snow Sport Instructors)

was founded to unite snow sports instructors in Macedonia.

The goals and tasks of the MAISS are the following:

- Promotion and development of the snow-sport instructor profession (skiing, snowboarding etc.), and providing conditions for quality in performing this function;

- Education and continuous advancement of the instructors through organized educational systems;

- Promoting Macedonian instructors in snow-sport around the world;

- Promotion and popularization of the snow-sport in Macedonia;

- Collaboration with international organizations of snow-sport instructors, and organizations that deal with these

Неколку факти за делувањето на МАИСС

1. Зошто обучени инструктори за снежни спортови?

Правно е регулирана дејноста инструктор. Оние кои даваат инструкции на снег треба да се соодветно обучени, да имаат успешно завршено обука за давање на инструкции на снег (сноуборд + скијање) и да се сертифицирани со легитимација за ски / сноуборд учител.

Според Закон за скијалишта* (објавен во Сл.весник бр.37 од 26.02.2016 год.)

член бр. 57:

“Со непосредно подучување може да се занимава само инструктор по скијање со важечка лиценца. Инструктор по скијање мора за време на подучувањето, да носи ознаки и облека која што јасно го идентификува како лице кое што подучува скијање. Училиште за скијање може да врши само оној вид на подучување и само за оние групи на ученици кои што одговараат на содржината на лиценцата што ја има инструкторот по скијање кој е ангажиран во училиштето.”

*извор на законот на www. p r a v o . o r g .mk

2. Кој има право и обврска да ја изведува обуката на инструктори во снежни спортови во Р.М.?

Според Закон за спорт** (последна измена објавена во Сл.весник бр.98/2019 од 21 Мај 2019 год)

член 28:

“…Ha стручните кадри во областа на спортот кои водат спортски тренинг и натпревари во спортските клубови и националните спортски федерации, истите се должни да им овозможат перманентно стручно усовршување. Програмите за стручно усовршување ги утврдуваат и спроведуваат националните спортски федерации на Републиката од соодветната спортска гранка….”

**извор на законот на www. p r a v o . o r g .mk

*** Види точка 4 во овој текст (конекцијата на МАИСС со Скијачка федерација на Македонија.

3. МАИСС во конекција со INTERSKI International.

- МАИСС е рамноправна членка на IAESS (IVSS)- INTERSKI International од 2019 година , Генерално собрание на IVSS, Ст. Антон (Австрија)

- МАИСС е рамноправна членкa на IVSI

- МАИСС е рамноправна членкa на ISIA од Мај 2022.

- МАИСС е рамноправна членкa на INTERSKI International [30 Март 2023, Леви, Финска]. INTERSKI International  е организацијата која ги обединува во себе IAESS, IVSI и ISIA

4. МАИСС е член на Скијачка Федерација на Македонија

(Статут на СФМ од 18.12.2022)

Член 9

"...Во СФМ имаат право да членуваат и други здруженија чија основна дејност е поврзана со снежните спортови во областа на спортско натпреварување, спортска рекреација, спортски обуки, обуки на тренери и учители (МАИС), при што истите имаат статус на членки без право на глас."