Сезонски (2023/24) семинар за инструктори во снежни спортови (ски и сноуборд) за:

  • НИВО 3 – прв пат
  • Обнова Ниво 3

Наставата за семинарот за НИВО 3 – прв пат + обнова Ниво 3  се состои од 3 дела:

  1. Теоретски дел:

Наставата ќе биде изведена на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ линк) и истата ќе биде достапна и преку платформата „Zоом“ за оние кои не се во можност физички да присуствуваат.

Датум на теоретски предавања: 4ти, 5ти и 13ти Декември 2023.

Теми:

04.12.2023

– Опрема за спортови на снег (скијање и сноуборд)

– Спортови на снег (скијање и сноуборд) како зимски туризам

13.12.2023

– Моторички развој кај деца

– Координација и формирање на нови движења

 22.12.2023

-Видови повреди и прва помош при повреди кај спортовите на снег (скијање и сноуборд)

-Безбедност на планина и скијачки/сноуборд терени.

 

  1. Практичен дел:

На терен (ски/сноуборд патека).

Датум: Декември – по договор со групата во зависност од условите со снег (доколку нема услови, овој дел ќе биде реализиран во првиот момент кога ќе се создадат услови)

Практичниот дел се изведува во два дена.

  1. Испит:

Теоретски дел.

Практичен дел.

(во текот на наставата ќе бидат пренесени детали)

 

Семинарот за НИВО 3 чини 5500 денари. Секоја уплата по 1ви Декември 2023 е 20% поскапа и изнесува 6600 денари. 

*Детали за уплата за(уплатница ПП30-пример)  на овој линк

Не заборавајте да внесете Ниво 3  и име + презиме за кандидатот.

Задолжително пополнете пријава за присуство на семинар на овој линк: