Семинар за инструктори во снежни спортови (ски и сноуборд) сезона

2025/26 за:

  • НИВО 1 – прв пат (+ обнова Ниво 1),
  • НИВО 2– прв пат  (+ обнова Ниво 2),
  • НИВО 3– прв пат  (+ обнова Ниво 3).

*Долнителни информации за обуката и стекнување статус “инструктор” Ниво 1, може да најдете во Правилникот за лиценцирање-НИВО 1 (линк)

*Долнителни информации за обуката и стекнување статус “инструктор” Ниво 2, може да најдете во Правилникот за лиценцирање-НИВО 2 (линк)

 

Задолжително пополнете пријава за присуство на семинар на која е најдолу на оваа страна

 

Предавањата се задолжителни за СИТЕ:

– оние кои првпат се на ново ниво и

– обнова на постоечко ниво.

 

Kандидати кои само обновуваат лиценца, не пристапуваат на испит. 

Сите кандидати (сите нивоа без разлика категорија првпат ниво” “ обнова на ниво) потребно е да пополнат прашалник за пријава на семинар.

Линкот до прашалникот е на оваа страна, на крајот од текстот.

Пред да пополните пријава за семинар, прочитајте го овој текст подолу.

 

Теоретски дел:

Наставата ќе биде изведена преку платформата „Zоом“ (детали ќе бидат пратени на е-маил,  по аплицирање).

– дел од предавањата од минатите години се достапни на овие линкови: теоретски предавања (линк) (или на youtube (линк)).

 

Понеделник, 24.11.2025 – 19:00 ч (он-лајн)

Алпско скијање

Тема: Презентација на ски ликови
Предавачи: МАИСС

Сноуборд
Тема: Сноуборд ликовиочно лизгање, косо лизгање, основен завој)
Предавачи: МАИСС

Алпско скијање

Вторник, 25.11.2025 – 19:00 ч (он-лајн)

Тема : Работа во група/ прв ден на снег
Предавачи: МАИСС

Сноуборд

Тема: Сноуборд ликовирз завој,  карвинг, скокови, боксови)
Предавачи: МАИСС

Среда, 26.11.2025 – 19:00 ч (он-лајн)

Алпско скијање + Сноуборд
Тема: Психолошки основи кај натпреварувачот
Предавач: м-р Кирил Насков

Четврток, 27.11.2025 – 19:00 ч (он-лајн)

Алпско скијање + Сноуборд
Тема: Работа со деца
Предавач: проф. д-р Горан Никовски

Петок, 28.11.2025 – 19:00 ч (он-лајн)

Алпско скијање + Сноуборд
Тема: Медицинска помош во планински услови
Предавач: Константин Циривири – ЦПР- Центар за образование, наука и истражување Планинска Академија + Асклепиј

 

Практичен дел:

(За кандидатите кои обновуваат лиценца:  ПРИСУСТВУВОТО НА ПРАКТИЧЕН дел не е задолжително- НО СЕ ПРЕПОРАЧУВА)

Практичниот дел се изведува во два дена на терен (ски/сноуборд патека).

6.12.2024 во 09:00ч Работа на терен

– методика

– ликови

Испит:

(Кандидатите кои обновуваат лиценца НЕ ПРИСУСТВУВААТ НА ИСПИТ)

7.12.2024 во 09:00 Испит на терен

– Теоретски дел:

– Практичен дел:

Во зависност од условите со снег (доколку нема услови, практичниот дел,  ќе биде реализиран во првиот момент кога ќе се создадат услови). Датумите ќе бидат комуницирани за време на наставата.

_____________________

Семинарот за НИВО 1 – прв пат (и Обнова Ниво 1) чини 6000 денари. 

Семинарот за НИВО 2 – ново ниво (и Обнова Ниво 2)  чини 6500 денари. 

Семинарот за НИВО 3 чини 7000 денари

*Детали за уплата за(уплатница ПП30-пример)  на овој линк (линк). 

Не заборавајте да внесете за кое Ниво уплаќате и име + презиме за кандидатот.

 

ДОКОЛКУ УПЛАЌАТЕ ОД ФИРМА или КЛУБ.. МОЛАМ НАВЕДЕТЕ ЗА КОЕ/КОИ ЛИЦА СЕ ОДНЕСУВА УПЛАТАТА

Задолжително пополнете пријава за присуство на семинар на овој линк (линк)