Семинар за инструктори во снежни спортови (ски и сноуборд) сезона

2024/25 за:

  • НИВО 3 – прв пат
  • Обнова Ниво 3

Наставата за семинарот за НИВО 3 – прв пат, се состои од 3 дела:

За кандидатите кои обновуваат НИВО 3,  предавањата не се задолжителни. Сепак МАИСС препорачува, овие кандидати да ги слушаат сите теоретските предавања и да го повторат знаењето на практичниот дел. Kандидати кои само обновуваат лиценца, не пристапуваат на испит. 

Сите кандидати (кои ќе слушаат НОВО ниво 3, но и оние кои обновуваат Ниво 3) потребно е да пополнат прашалник за пријава на семинар. Линкот до прашалникот е на оваа страна, на крајот од текстот. Пред да пополните пријава за семинар, прочитајте го текстот што следи.

Наставата за семинарот за НИВО 3 – прв пат се состои од 3 дела:

  1. Теоретски дел:

Наставата ќе биде изведена преку платформата „Zоом“ (детали ќе бидат пратени на е-маил,  по аплицирање).

Датум на теоретски предавања: 16ти, 17ти, 18ти и 19ти Декември 2024.

Теми:

16.12.2024 (понеделник) во 19:00ч [on-line]

– Моторички развој кај деца

– Координација и формирање на нови движења

17.12.2024 (вторник) во 19:00ч [on-line]

– Психолошки основи кај натпреварувачи

18.12.2024 (среда) во 19:00ч [on-line]

– Дополнителни информации за наслов на тема

23.12.2024 (понеделник) во 19:00ч [on-line]

– Mедицинска помош во планински услови
– Менаџирање на ризици

______________________________________________

Датум на практични предавања и испит: 21ви и 22ри Декември 2024.

  1. Практичен дел:

Практичниот дел се изведува во два дена на терен (ски/сноуборд патека).

21.12.2024 во 09:00ч Работа на терен

методика

ликови

  1. Испит:

22.12.2024 во 09:00 Испит на терен

Теоретски дел:

Практичен дел:

 

Во зависност од условите со снег (доколку нема услови, практичниот дел,  ќе биде реализиран во првиот момент кога ќе се создадат услови). Датумите ќе бидат комуницирани за време на наставата.

_____________________

Семинарот за НИВО 3 чини 6600 денари. 

*Детали за уплата за(уплатница ПП30-пример)  на овој линк

Не заборавајте да внесете Ниво 3  и име + презиме за кандидатот.

Задолжително пополнете пријава за присуство на семинар на овој линк: