НИВО 1 2020/2021

Предмет: Почетен семинар за СКИ/СНОУБОРД инструктори – НИВО 1

МАИСС организира годишен сезонски семинар за инструктори во снежни спортови (ски и сноуборд) Наставата за семинарот се состои од 3 дела:

  1. Теоретски дел:

– дел од предавањата се слушаат во сопствена динамика. Предавањата се на следниот линк: теоретски предавања (или на youtube).

– останатиот дел од теоретската настава ќе биде изведен преку платформата „Zоом“.

Детална агенда за делот СКИЈАЊЕ – НИВО 1, на овој линк

Детална агенда за делот СНУБОРД – НИВО 1, на овој линк

  1. Практичен дел:

На терен (ски/сноуборд патека). Детали за ски центарот, датум и агенда ќе бидат дефинирани заедно со кандидатите за НИВО 1. Практичниот дел се изведува во два дена. Правиме напори заради ситуацијата со ковид да се најде соодветно решение.

  1. Испит:

Теоретски дел (он-лајн прашалник + устен испит/настап пред група/клиент).

Практичен дел: демонстрација на (ски/сноуборд) ликовите на терен.

(во текот на наставата ќе бидат пренесени детали)

Долнителни информации за обуката и стекнување статус “инструктор”, може да најдете во Правилникот за лиценцирање-НИВО 1

____________________________________________________________________________

Почетниот семинар чини 3600 денари. Уплатата* може да биде одеднаш или во следната динамика:

 

уплата 1200 денари до 15.11.2020

уплата 1200 денари до 15.12.2020

уплата 1200 денари, пред практичниот дел на снег


*Детали за уплата – ПП30-бразец во прилог 

ВО ДЕЛОТ ЦЕЛ НА ЦЕЛ НА ДОЗНАКА ПОПОЛНЕТЕ КАКО НА ПРИМЕРОТ (Име+Презиме+за кој семинар)

____________________________________________________________________________

Молам пополнете пријава за почетен семинар (2020/2021) на следниот линк:

https://forms.gle/oYLa1WYkQExV8bwz6

 

Срдечно,

претседател. Проф.д-р. Јован Јовановски

 

 

MKD